Познато е кога Дејан Станковиќ официјално седнува на клупата на Црвена звезда
Дејан Станковиќ се враќа на „Маракана“ и тоа повторно, откако Владaн Милојевиќ стана минато за Црвена звезда. Сега е познат и точниот датум и време кога легендарниот фудбалер и тренер ќе биде промовиран како нов-стар шеф на стручниот штаб.
Препорачано
Станковиќ во понеделник и официјално ќе стане нов тренер на Црвена звезда, а клубот веќе испрати покана до медиумите за неговото претставување. Промоцијата ќе се одржи во понеделник, 22 декември, со почеток од 15:00 часот.
Интересно е што и при неговото прво доаѓање во 2019 година беше претставен на 21 декември, а сега, само еден ден подоцна, повторно ќе седне на клупата на српскиот шампион.
Дејан Станковиќ ја започна својата тренерска кариера токму на „Маракана“ пред шест години, по што работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва. Од неодамна е слободен тренер, откако рускиот клуб му врачи отказ.
Во првиот мандат на клупата на Црвена звезда, Станковиќ помина повеќе од две и пол години и освои три титули во првенството на Србија и два национални купа. Забележа и значајни успеси во Лига Европа, додека пласманот во Лигата на шампионите остана негов неостварен сон.
Црвено-белите ги водеше на 130 натпревари, со биланс од 103 победи, 17 ремија и 10 порази, како и гол-разлика 336:86.


