Бугарија одлучи каде ќе се одржи Евровизија догодина
Во игра за организација на натпреварот во 2027 година беа четири бугарски градови
По победата на пејачката Дара, која на Бугарија ѝ ја донесе првата победа на Евровизија, Софија се наметна како најсериозен кандидат за домаќин на следното издание на натпреварот, пишува „Б92“.
Препорачано
Бугарија во Виена за првпат триумфираше на ова натпреварување, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката ширум Европа.
Директорката на БНТ, Милена Милотинова, по победата порача: „Добредојдени сте во Софија следната година“, но подоцна појасни дека ќе следува официјален процес за избор на домаќинот.
Според порталот што ги следи случувањата околу Евровизија, Софија уште од самиот почеток била најсериозниот избор. Главниот град на Бугарија, со околу 1,3 милиони жители, ги исполнува условите што ги поставува Европската радиодифузна унија за домаќин на Евровизија.
Софија располага со сала со повеќе од 10.000 седишта, доволно хотелски капацитети и најголемиот аеродром во земјата. Арената има и соодветни технички услови за комплексна сценска продукција, како и големи простори за продукција и медиуми.
Како можна алтернатива се споменуваше и Бургас, но помалиот аеродром и ограничениот број летови надвор од туристичката сезона се покажале како главен недостаток.
Четири града се во трка за организација на Евровизија догодина во Бугарија


