Познатиот пејач Предраг Живковиќ Тозовац се ожени на 84 години

Instagram

Познатиот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац го кажа судбоносното „да“ на 84 годишна возраст. Како што пренесуваат српските медиуми, Тозовац и Мима решиле да се венчаат на последниот ден од 2020 година.

Пејачот стапил во брак во четвртокот на 31 декември, со својата сакана Емилија Мима. Тие се решиле да ја официјализираат својата врска по 40 години љубов и заеднички живот. На церемонијата присуствувале само неколку луѓе, со интимна прослава.

Instagram
Instagram

Мојата жена, можам да кажам мојата жена и со право велам жена затоа што е вистинска жена и затоа што со неа поминав скоро половина од мојот живот. Таа е многу трпелива, добра мајка, добар пријател, има и внука, па затоа е и добра бабичка. Но, пред сè, таа ми е вистински пријател и најголема поддршка во мојот живот. Јас сум Водолија, а таа не може сама…“, одамна изјави Тозовац за „Блиц“.

Instagram
Instagram

Мима е мојата вистинска љубов и мојот избор. Нашата врска е повеќе од љубов. Љубовта би ја опишал како краткотрајна болест. Ние сме во најдобрата фаза затоа што станавме пријатели кои не можат еден без друг. Љубовта нема никаква врска со годините“, изјави пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот