Познатиот лек против болки Ибупрофен е повлечен од сите хрватски аптеки

таблети
Таблети / Фото: Unsplash

„Компанијата Мибе Фармацеутикалс, носител на одобрението за ставање во промет на лекот Ибупрофен Мибе 400 мг филм-обложени таблети (ибупрофен), во соработка со Агенцијата за лекови, од административни причини ги повлекува сериите 211103 и 211104 на лекот.

Повлекувањето се врши до ниво на аптека. Партиите на лекот се повлекуваат бидејќи можат да бидат во промет максимум 18 месеци по истекот или откажувањето на одобрението за ставање во промет, доколку периодот на важност не им истече пред тоа. Повлекувањето на споменатите серии на лекот не влијае на квалитетот, безбедноста и ефективноста на лекот, затоа пациентите можат да продолжат да го користат лекот до истекот на рокот означен на пакувањето.

На хрватскиот пазар има и други лекови со иста активна супстанција, иста фармацевтска форма и иста јачина од други производители, затоа повлекувањето на сериите на предметниот лек не го загрозува редовното снабдување на пазарот. Пациентите доколку имаат прашања во врска со тековната терапија да се обратат кај својот лекар или фармацевт“, велат од Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот