Познатата старлета ги скршила двете стапала на одмор во Турција: Нема да може да оди со месеци… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Британската старлета Кејти Прајс (42) ги скршила двете стапала на одмор во Турција и завршила во брза помош. Таа ќе мора да оди и на операција, по која нема да може да оди три до шест месеци.

Имено, Кејти уживаал во луксузното летувалиште со момчето Карл Вудсом (31) и двете деца, а исто така го посетила и тематњскиот парк „Land of Legends“ , каде старлетата ги повредила нозете. Имено, Кејти скокнала од ѕид и ги скршила двете стапала.

– Да, вистина е дека ги скршив стапалата. Морам да ги оперирам двете и да ми вградат шипки. Нема да можам да одам од три до шест месеци – напишала Кејти на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Таа истакнала дека нејзиното момче Карл бил неверојатен и се грижел за неа, бидејќи сега навистина и е потребна помош.

Пријател на старлетата открил дека ова е најлошото што можело да и се случи, бидејќи конечно уживала со своето момче, а исто така со себе ја земаа и нејзината ќерка Принцес (13) и синот Јуниор (15).

 

View this post on Instagram

 

Waiting for my Sunday roast? wearing my new @JYYLondon collection✨ love these sets they’re so comfy!? #ad #JYYLondon

A post shared by Katie Price (@katieprice) on

Прајс ја поминала цела вечер во брзата помош со пукнатини на двете петти. Поминувала низ страшни болки, но поголема мака е тоа што мора да се врати дома и да се грижи за своите пет деца, а проблемот е што не може да оди. Парот поради повредите итно се вратил во Велика Британија, за Кејти да може да оди на операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот