Познатата хрватска актерка ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Миа Беговиќ
Миа Беговиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една од најпознатите хрватски актерки Миа Беговиќ привлекува внимание каде и да се појави. На сцената е повеќе од 35 години и има остварено бројни филмски, телевизиски и театарски улоги. Од почетокот на кариерата добива пофалби за одличниот изглед, одличните модни комбинации и заразната енергија. Таа наскоро ќе наполни 60 години, но црвенокосата дива сè уште им пркоси на годините.

„Тајната на мојот младешки изглед лежи во добрата енергија. Но, тоа не значи дека нема да почнам да користам нешто друго во овие години. Секогаш се облекувам онака како што се чувствувам“, изјави Миа Беговиќ за „RTL“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Begović (@begovicmia)

Некогаш се забавувала до раните утрински часови и не крие дека и денес сака да се забавува и е една од првите што танцува на подиумот. Сака да го зема микрофонот во раце и да пее, иако смета дека нејзините гласовни способности не се на завидно ниво.

„Секогаш танцувам и пеам на забави. Обожавам да танцувам, мислам сакам и да пеам, но не се препорачува, иако многу често пеам на сцена. Сакам да пеам, сакам да танцувам, сакам да се дружам…“, рече актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Begović (@begovicmia)

На прашањето дали има песна што ќе ја натера да се качи на масата, таа се пошегува и рече дека „таква уште не е напишана“.

Видео на денот