Почина позната порно-актерка, две недели по смртта на момчето: Зад себе остави четири деца

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Порно-ѕвездата Софи Андерсон почина на 36-годишна возраст, само две недели по смртта на нејзиниот дечко, поранешниот фудбалер Оливер Спединг, пишува „Дејли мејл“.

Мајката на четири деца, која работела како актерка во филмовите за возрасни од 2017 година, се запознала со поранешниот играч на Кристал Палас, Спединг додека работела на снимањето на порно-филм.

Андерсон тврдеше дека спиела со десетици илјади мажи, а претходно одлетала во САД за да стави силиконски импланти на градите 32JJ. Пријателите реккле дека Андерсон починала претходно оваа недела, објави „Сан“.

Повеќе детали за нејзината смрт не се познати.

Порно-актерката во март минатата година се борела за живот поради сепса, откако еден од нејзините импланти на левата града се инфицирал, а подоцна и експлодирал.

Британката минатата година изјавила дека спиела со повеќе од 80.000 мажи.

– Ако тргнеме од точката кога почнав да се занимавам со проституција, а имав 17 години, би рекла дека тогаш имав секс со 5.000 луѓе годишно. Да, токму така беше. Тогаш се гледав со 10 до 20 клиенти дневно – рекла Андерсон во подкастот „The Fellas“.

– Додуша, бројката во меѓувреме се намали. Меѓу другото, и затоа што престанав да се занимавам со проституција. Мислам дека сега зборуваме за 15-тина луѓе неделно – раскажала Софи, која отворено била бисексуалка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот