Позната порно актерка изврши самоубиство: Си го одзема животот на 36 години

Фото: Ethan Miller / Getty images / Profimedia

Познатата порно актерка Кагни Лин Картер изврши самоубиство на 36-годишна возраст, потврдија нејзините пријатели.

Според американскиот медиум „ТМЗ“, Кагни починала во четвртокот во нејзиниот дом во Парма, Охајо, а пријателите ги потврдија околностите во објава на веб-страницата „Гоу фанд ми“.

„За жал, и покрај сите нејзини многу импресивни достигнувања и таленти, Кагни се бореше со проблеми со менталното здравје како што минуваа годините“, пишува во објавата.

Инаку, Кагни првпат влезе во светот на филмовите за возрасни во средината на 2000-тите и освои различни награди за нејзината работа. Таа со години работеше и како модел и танцуваше во егзотични клубови. Околу 2019 година, Кагни го напушти Лос Анџелес и се врати на танцот на шипка. Таа се фокусираше на уметноста на танцување на шипка, споделувајќи го својот напредок и талент на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот