Фото: Принтскрин / Инстаграм

Позната американска инфлуенсерка ги изгуби двете ќерки за 18 месеци: „Не сум подготвена за оваа болка“

Американската инфлуенсерка Мелиса Меј Карлтон објави дека нејзината најмлада ќерка, Моли, починала на Божиќ – нешто повеќе од една година откако уште една незамислива трагедија го погоди семејството, кога почина постарата ќерка Абигејл, пренесува „Пејџ сикс“.

Во срцепарателна објава на Инстаграм, Мелиса откри дека малата Моли починала 18 месеци по смртта на нејзината сестра Аби, која починала од сепса во април 2024 година, на деветгодишна возраст.

– На божиќно утро, нашата слатка Моли и нејзината постара сестра Аби повторно се сретнаа – напишала Мелиса, додавајќи дека токму оваа мисла е нејзина единствена утеха во болката што ја преплавува.

Како што вели таа, на Моли ѝ недостигаше нејзината постара сестра неизмерно. Мелиса и нејзиниот сопруг Том Карлтон, кои заедно ги имаат и синот Хари и ќерката Лили, признаа дека се целосно уништени од тагата и сè уште се во состојба на шок.

– Уморни сме и потресени по ден исполнет со траума и скршено срце. Сè уште не можам да прифатам дека ова е реалност. Не сум подготвена за оваа болка – напишала таа искрено.

Таа ги замоли следбениците да продолжат да го поддржуваат нејзиното семејство во „деновите и неделите што претстојат“, нагласувајќи дека ќе им треба „сила поголема од онаа што самите ја имаат“.

Во една од објавите, Мелиса ги сподели и трогателните зборови на нејзиниот син Хари, изговорени откако дознала дека ја изгубил сестра си. Имено, Моли му рекла пред смртта дека сака да биде со Аби.

– Низ плач, тој рекол: „Таа го доби она што го сакаше“ – рекла Мелиса.

Во подоцнежното обраќање до јавноста, таа откри и дека лекарите се сомневаат дека Моли можеби имала генетски проблем со срцето, за кој сега веруваат дека можеби влијаела и на Абигејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот