Познат е главниот фаворит за улогата на Џејмс Бонд: Еден од најзгодните мажи во светот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерот Арон Тејлор-Џонсон (33) се вели дека наводно е главниот фаворит да биде новиот Џејмс Бонд и го замени Даниел Крег, кој се откажа од улогата по петте филмови во франшизата.

Изворот за „Дејли мејл“ изјавил дека режисерот Кристофер Нолан е заинтересиран за филмот и дека сака да направи „нешто поинакво“, а Тејлор-Џонсон е исклучително блиску до добивање на улогата.

Нолан и Тејлор-Џонсон веќе соработуваа, во 2020 година во филмот „Tenet“. Актерот претходно зборуваше за тоа како „сакал да биде во присуство на Нолан“ додека лобирал за улога во овој филм.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, следната година ќе излезе филмот „Kraven The Hunter“ во кој Тејлор-Џонсон го игра главниот лик на Сергеј Кравинов. Со него глуми и Расел Кроу кој го игра неговиот татко.

Една од улогите по која е познат Тејлор-Џонсон е улогата на Џон Ленон во филмот „Nowhere Boy“. На снимањето на тој филм ја запознал и сопругата Саманта (56), која е 23 години постара од него. Наводно, тогаш имал само 18 години, а Арон ја запросил само една година подоцна.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

По венчавката тој го зел презимето на Саманта, а таа неговото. За 12 години брак добија две ќерки, а Саманта има и две ќерки од првиот брак.

Хармоничниот брачен живот не го потресоа ниту гласините за изневерување кои се појави во јануари годинава. Парот е познат по тоа што јавно не зборува премногу за својот приватен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот