Познат е датумот кога Диди ќе излезе од затвор
Според веб-страницата на Заводот за затвори, раперот Шон Диди Комбс, кој во моментов се наоѓа во притвор во Бруклин, ќе биде ослободен на 8 мај 2028 година, пишува „Пејџ Сикс“. Сепак, можно е во да биде преместен на друга локација додека ја издржува казната од 50 месеци.
Препорачано
Почетокот на овој месец, Комбс (55) дозна дека ќе помине четири години и два месеца зад решетки. Исто така, му беше наложено да плати парична казна од 500.000 долари на судот и да учествува во програми за ментално здравје и злоупотреба на супстанции.
За време на рочиштето, судијата призна дека Комбс е успешен самостоен уметник и бизнисмен кој ѝ помагал на заедницата, но истовремено ја нагласи сериозноста на неговите дела, вклучувајќи повеќегодишни злоупотреби на озлогласени забави.
Во јули 2025 година, Комбс беше прогласен за виновен за два случаи на превоз на лица преку државни граници со цел проституција, но беше ослободен од потешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање, за кои можеше да добие и доживотен затвор.
Казната од 50 месеци го вклучува и веќе одслужениот период што го поминал во затвор од септември 2024 година, што се пресметува во вкупното време на затворската казна.
Во последно време, претставници на Белата куќа тврдат дека претседателот на САД размислува да му ја ублажи затворската казна на раперот. Познато е дека и Диди и Трамп воделе неколку дијалози во последните месеци, а исто така е познато дека раперот побарал помилување од претседателот.


