Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познат американски рапер откри дека му е дијагностицирано биполарно растројство и шизофренија: „Не би сакал епизодите да се повторат“

Познатиот рапер Гучи Мeјн отворено проговори за своите дијагнози за биполарно растројство и шизофренија, што ги откри во својата нова книга „Епизоди: Дневникот на еден луд човек што се опоравува“. Тој отворено зборуваше за своето искуство и со сопругата Кејшија Ка’оир во емисијата „Клубот за појадок“.

Гучи рече дека за време на епизодата не бил свесен за тоа што се случува, чувствувајќи се како да е во „психоза“ или „искривен свет“. Тој призна дека тогаш слушал гласови во главата и верувал дека луѓето се против него.

„Слушате гласови… Мислите дека се обидувате да се борите, а не сте направиле ништо. Во мојата глава, вистина е“, рекол тој.

По тешката епизода во 2020 година, 45-годишниот рапер конечно решил да побара стручна помош.

„После тоа, си реков, човече, морам да преземам одговорност и да се грижам за моето здравје. Никогаш повеќе не сакам да имам епизода. Ако треба да одам на терапија, ако треба да земам лекови… некако се предадов, во смисла дека ќе направам сè што е потребно за да се опоравам“, објаснил тој.

Тој исто така откри дека еднаш анестезијата за стоматолошка процедура предизвикала епизода.

Реперот започнал терапија и лекови и ги навел употребата на дрога, алкохолот и стресот, што бил влошен од судските постапки, како главни причини за неговата состојба.

„Бев толку под стрес“, признал тој. „Мора да работиш на себе ако навистина сакаш да се опоравиш. Луѓето можеби го сакаат тоа за тебе, но сепак мора да го сакаш повеќе од нив“, додал Мејн.

Неговата сопруга Кишија откри како се справува со неговата состојба и како спречува таа да ескалира.

„Имам систем. Ги отстранувам апликациите од неговиот телефон. Првото нешто што го правам е да го избришам Инстаграм. Бришам сè. Дури и ако треба да му ја сменам лозинката, ја менувам затоа што не ми треба јавноста да знае дека има епизода“, рекла таа.

„Јас го контролирам тоа. Нема да одиш на Инстаграм, нема да одиш на Твитер, тоа е избришано. Јас контролирам сè дома. Сега, пред да дојдат епизодите, го фаќам тоа“, објаснила таа, додавајќи дека ги препознава раните знаци: „Тој не зборува со мене, сака да биде сам, не јаде, не спие. Во смс-пораките има точка по секој збор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот