Позитивна на корона и пратеничката Славјанка Петровска

Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска преку Фејсбук соопшти дека е позитивна на коронавирус.

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска.
Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, напиша таа попладнево.

Во Собранието во тек е расправата за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Претходно, измените и дополнувањата на Законот доцна попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство.

По информацијата дека Петровска е заболена од ковид-19, веројатно ќе бидат преземено следење на нејзините контакти во Собранието, за да се открие евентуалното ширење на коронавирусот меѓу пратениците.

Пред два дена и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот