Пожарникарите позираа за хуманитарен календар, жените не можат да им се нагледаат (ВИДЕО)

принтскрин

Австралиските пожарникари и оваа година позираа за календар во хуманитарни цели, а жените во светот не можат да им се нагледаат на фотографиите.

Уште од 1993 година австралиските пожарникари позираат за календар од чија продажба целиот приход оди во добротворни цели. Истото го направија и оваа година, а сега објавија и видео во кое се речиси голи до појас и украсуваат божиќна елка и им го честитаат Божиќ на сите.

Во понудата за оваа година имаат „класичен“ календар во кој се само разголените пожарникари, потоа календар на кој тие позираат со диви животни, со мачки, коњи, домашни животни и само со кучиња.

Од појавувањето на нивниот календар „Australian Firefighters Calendar“ тие донирале повеќе од три милиони австралиски долари за разни добротворни организации во дел од земјата, при што само во последните 5 години донирале 1,9 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот