Пожарникарите интервенираа на шумски пожар пред тетовско Гајре

Пожар Фото: МИА

Четворица пожарникари со само еден камион успеаја да изгаснат пожар на тешко пристапен терен во шумскиот предел над тетовско Гајре. Интервенцијата е извршена во периодот од 13 до 14 часот и 30 минути и на тој начин е спречно да стигне до првите објекти на селото.

– За да се спречи ширење на овој пожар спроведувани беа црева од камионите низ шумата до местата каде имаше оган и на тој начин се стигна до непристапниот терен, информираат тетовските пожарникари.

Денеска пожарникарите интервернирале на пожар во атарот на Брвеница и во близина на основно училиште во Тетово.

Изминатиот период голем број пожари беа изгаснасти низ тетовските ниви каде изгореа десетици хектари пченица и други земјоделски култури

Видео на денот