Фото Архива

Пожар во пензионерски дом во Милано, шест мртви

Шест лица ги загубија животите, а најмалку 68 се повредени во пожар во пензионерски дом во Милано во текот на ноќта, соопштија во петокот италијанските служби за итни случаи.

Лука Кари, портпарол на националната противпожарна служба, го потврди билансот на загинатите, додавајќи дека тројца од повредените се во критична состојба, 15 со сериозни, но не опасни по живот повреди, додека 50 лица се здобиле со полесни повреди.

Тој соопшти дека пожарот е изгаснат и дека е отворена истрага за причините за пожарот.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но потоа бил испуштен отровен чад.

Според медиумите, пожарот избувнал во четвртокот нешто пред полноќ во дом за стари лица во југоисточниот милански кварт Корвето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот