Пожар во дом за стари лица во Србија, загинаа двајца пензионери

Пожар / Фото принтскрин

Две лица живи изгореа во пожар што избувна во дом за стари во Мали Мокри Луг, па бројот на жртвите се искачи на две.

Животот го загубија И.М.(82) која починал во домот и бабата П.Д.(92) која починала на пат кон болница, објави Телеграф.

Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР за 7 минути го локализирале пожарот кој избувнал на улицата Партизанска бр.34 од зградата на домот за стари лица во Мали Мокри Луг.

27 пожарникари-спасувачи од ВСЈ Вождовац и ВСЈ Звездара со 8 возила, пребарувајќи на местото на пожарот кој целосно зафати една просторија на 3-ти кат, пронашле една жртва, додека другото лице кое било пронајдено , е предадено на екипите на итната помош, по што починало.

Според првичните информации, пожарот избувнал во соба. На местото на настанот први пристигнале полициски службеници од Звездара.

Улицата каде што се наоѓа домот е затворена, автобуси не сообраќаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот