Пожар на шпанскиот остров Ла Палма: Евакуирани 2.500 луѓе

Пожар на Ла Палма/Фото: EPA-EFE/MIGUEL CALERO

Повеќе од 2.000 хектари изгореа денеска за само неколку часа на шпанскиот остров Ла Палма, кој е дел од Канарските острови поради што се евакуирани околу 2.500 жители, објави Индекс.хр, пренесувајќи соопштение од тамошните власти.

Пожарот избувнал денеска изутрина во шумското подрачје на северот на островот и огнот уништи најмалку 12 куќи. Според локалните власти, за среќа никој не е повреден.

Со огнената стихија се борат околу 300 пожарникари со помош од воздух, а очекуваат и два хидроавиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот