Повторно нападната американска база во Ирак

Беспилотно летало денеска ја погоди воздухопловната база Ел Харир во Ирак, каде се стационирани американски и меѓународни сили, соопшти антитерористичката служба на Ирачки Курдистан.

Не е прецизирано дали има жртви, ниту дали е оштетена инфраструктурата.

Милитантната група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за нападот, што се случи откако американската војска во Багдад уби водач на ирачката милиција која ја смета за одговорна за напади врз американските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот