Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Повредени три лица откако „југо“ се преврте кај Виница

Три лица се повредени откако „југо“ се преврте вчера на патот Виница-Стојмирово.

„На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот