Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Повозрасна скопјанка паднала од автобус, возилото ѝ ја прегазило ногата

Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Седумдесет и двегодишна жена од Скопје завршила со тешки телесни повреди откако била прегазена преку нога од автобус во центарот на градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на 11 февруари 2026 година околу 12:40 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“. Според пријавата до СВР Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од 56-годишниот В.А. од Скопје, ја прегазил жената откако таа претходно паднала од автобусот.

ВИДЕО: Бегалецот Саитов уште на 17 години се снимал како дивее со „Пасатот“ со кој ја прегази Љуба Јаковлеска во Капиштец

Повредената А.Б. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МВР го потврди апсењето на Саит Саитов – младиот возач, кој прегази жена и избега, е фатен во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот