Повеќе од третина од Шпанците само си ги покриваат трошоците

Повеќе од една третина од Шпанците успеваат само да ги покријат трошоците Истражувањето спроведено на 2.000 испитаници во Шпанија, покажува дека 36,4 отсто од испитаниците успеваат да ги покријат само своите трошоци, пишува Eл паис, пренесува Каматица.

Како што е наведено, 41,3 отсто од испитаниците рекле дека успеваат да заштедат по малку секој месец, додека 10,3 отсто рекле дека морале да ги искористат своите заштеди за покривање на трошоците; 5,9 отсто дека бил принуден да се задолжува. Анкетата е спроведена од 23 до 26 февруари. Во тој месец, цените во Шпанија се зголемија за 6,1 отсто во споредба со јануари, што е најголем месечен пораст на февруарската инфлација во последните 45 години, пишува весникот.

Инфлацијата, инаку, останува суштински проблем за домаќинствата, владите и инвеститорите, а организацијата на потрошувачи проценува дека дополнителниот годишен трошок на просечното семејство е 860 евра. Кредитите исто така се поскапи, па просечната сума на заемот во Шпанија се зголеми од 546,8 евра месечно на 813,8 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот