Повеќе од 90 отсто од Босанците се за бојкот на трговијата, политичарите ги поддржуваат!
„Бојкотирајте поради високите цени, не купувајте ништо еден ден“ – тоа е повикот за бојкот на босанските продавници, кафулиња, ресторани и бензински пумпи закажан за 31 јануари, информира Кликс.ба. Речиси е непотребно да се наведе причината бидејќи сите граѓани купуваат намирници и се согласуваат дека се неоправдани поскапувањата во сите продавници. Во анкетата на порталот, гласале 11.298 граѓани, а 94 отсто одговориле дека ќе го поддржат овој бојкот. Сојузниот министер за трговија Амир Хасичевиќ, беше меѓу првите што ја поддржа оваа акција и рече дека правото на бојкот е составен дел од функционирањето на слободниот пазар. Претставникот во Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, Харис Шабановиќ (СДА), исто така го поддржува бојкотот.
Препорачано
„Генерално, мислам дека актуелната влада на ниво на БиХ и ФБиХ, целосно го загуби компасот и ги сметам за најодговорни за галопирачката инфлација што нè очекува. Треба да го поддржиме секој аспект на отпор кон ваквото однесување и да привлечеме внимание на овие теми, но повторно одговорно тврдам дека креаторот на сета нестабилност е актуелната влада на ФБиХ“, рече Шабановиќ.
Градскиот советник на Сараево, Драган Стевановиќ, е решен дека тој и неговото семејство ќе се приклучат на бојкотот во петок. Пратеничката во Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Лана Прлиќ (СДП) смета дека е слободен избор на потрошувачот да одлучи кога ќе купува или нема да купува.


