Повеќето земји ги прифатија маските како заштитно средство, но овие пет европски држави пркосат на сите

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Дури и скептичниот Доналд Трамп ја стави маската, а насекаде низ светот е прифатена како заштитно средство против ширењето на Ковид-19, на што уште се спротиставуваат владите на Данска, Норвешка, Шведска, Исланд и Финска, нордиските земји со повеќе од 25 милиони жители.

На улиците во Стокхолм, низ Копенхаген, Осло или Хелсинки, дури и во супермаркетите, канцелариите, превозните средства, тешко е да се пронајдат луѓе со заштитни маски и ги носат најчесто само туристите.

Според неодамнешната анкета само 5 до 10 отсто од анкетираните во нордиските земји рекле дека носат маски на јавни места, а тој број не е сменет од почетокот на пандемијата во март.

Истовремено во околу 20 други земји опфатени од анкетата, од Индија до САД, бројот на корисници пораснал над 70, дури и 80 отсто.

Шведска одбра благ пристап во спречување на пандемијата на коронавирусот, заради што нејзините соседи се скептични, бидејќи во Шведска имаше повеќе од 80.000 заразени и 5.700 починати. Иако се разликуваат во пристапот на постапување во однос на Шведска, нордиските земји се согласуваат во користењето на маски.

На прашањето дали размислува за промена на упатствата за жителите, водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел одговори дека се уште чека „некој облик на доказ дека маските се ефикасни“.

Во Данска здравствените власти препорачаа носење на маски на почетокот на јули. Но препораката се однесува на многу ограничен број на случаи, пред се при тестирање во болниците или во јавен превоз и тоа по враќање од ризични зони.

Во Норвешка и Финска граѓаните начелно и не се противат на носење на маски.

– Засега имаме среќа, но можеби ќе мораме да предвидиме носење на маски во иднина ако порасне бројот на заразени, вели лекарот Аре Стувиц Берг од норвешката институција за јавно здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот