Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Фото: МИА

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Во секој момент се очекува да почне 135. собраниска седница што беше закажана за 11 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Во пленарната сала е раздвижено, пратениците веќе се собираат.

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Напладне, пак, треба да се одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот