Поведена постапка за делови од Законот за средно образование поради дискриминирање на учениците од приватните училишта

Уставен суд табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставниот суд поведе постапка за делови од Законот за средното образование кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз.

-Судот постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование. Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член, информираат од Уставен суд.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, според Судот, е поради тоа што со нив се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот на вчерашната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот