Потврдено: Жените со тежок карактер се попаметни

Научниците тврдат дека комплицираните и „тешки“ жени имаат многу предности.

Ако некогаш за себе сте чуле дека сте „тешка“ и комплицирана, од сега слободно тоа можете да го сфатите како комплимент. Имено, научниците тврдат дека жените со тежок карактер обично се поинтелегентни, затоа не се чуствувајте лошо ако во друштвото сте позната како темпераментна. Наместо тоа, прифатете ја својата „неподнослива” страна и третирајте ја како предност и благослов.

Зошто променливото расположение ве прави попаметна?

Деталното истражување спроведено од научниците од Универзитетот Станфорд и Универзитетот Нов Јужен Велс дошле до заклучок дека комплицираните жени обично се поинтелегентни. Резултатот се заснова на фактот дека жените со променливо расположение носат подобри одлуки, но и покажуваат подобро памтење кога се во прашање детали и факти.

Тешкиот карактер се карактеризира со ментална „негативност“, што ги тера луѓето да станат посвесни за својата околина. Поради тоа, овие жени повеќе се фокусираат на она што го гледаат, на тоа што го размислуваат и на тоа што го прават во тој момент.

На темпераментните ­жени лошото расположение им овозможува да посветат повеќе внимание и да бидат поинтелегентни во различни области во нивниот живот. Ова е особено точно кога треба да донесат некоја важна одлука или да пронајдат решение за тешките професионални, социјални или деловни проблеми затоа што „ладните глави“ прават анализа, наместо да користат сентиментален заклучок.

Веселите жени се повеќе импулсивни

Научниците, исто така, проучувале како веселите луѓе реагираат кога ќе се најдат во ситуација која бара донесување одлуки или размислување, и откриле голема предност: тие се покреативни .
Како и да е, можеби тоа нема да им користи ако се претерано среќни, затоа што таа возбуда и среќа ги тера да донесат импулсивни и непромислени одлуки. Затоа, ова може да доведе до лоши одлуки, но и лоши последици.

Тешкиот карактер може да биде корисен, но и штетен

Освен подобрите вештини за анализа и проценка, жените со тежок карактер обично имаат поразвиени лидерски вештини, што ги прави добри менаџери во деловниот свет. Сепак, постојат и неповолности. Ако секогаш се наоѓате во негативна состојба и раздразливост, веројатно сте повеќе под стрес и имате многу поголема шанса за развој на депресија. Поради оваа причина научниците ги советуваат жените со тежок карактер да се обидат да ги балансираат своите емоции, па така тешкиот карактер не би им наштетил на квалитетот на нивниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот