Фото: pexels-thanhhoa-tran

Потврдена најмрачната прогноза: 2024 е дефинитивно најтоплата година досега, но иднината сепак зависи од нас

Годината зад нас 2024 е дефинитивно најтоплата година откако се забележани мерењата на глобалната температура. Покрај тоа, 2024 година е и првата година во која просечната глобална температура е за 1,5 степени повисока од прединдустриското ниво. Сепак, предупредуваат експертите, иднината сепак зависи од нас и од нашата решителна акција.

Светската метеоролошка организација (СМО) потврди дека 2024 година е најтоплата година досега, врз основа на шест меѓународни збирки податоци. Изминатите десет години сите беа во Топ десет, во извонредна серија на рекордни температури.

Овие податоци, кои само ги потврдија најмрачните прогнози, ги објави Центарот за климатски промени Коперник (C3S) при Европската унија.

Климатските промени предизвикани од човекот сè уште се главниот фактор за екстремните температури на воздухот и водата, но други фактори како Ел Нињо исто така придонесоа за невообичаено високите температури, се вели во соопштението.

– Сите меѓународни податоци за глобалната температура покажуваат дека 2024 година е најтоплата година досега, од 1850 година. Човештвото е задолжено за сопствената судбина, но како реагираме на климатските промени треба да се заснова на докази. Иднината е во наши раце – брзата и решителна акција сè уште може да ја промени траекторијата на нашата идна клима – рече Карло Буонтемпо, директор на Коперник.

– Секоја година од последната деценија е една од 10-те најтопли откако постојат рекорди. Сега сме на прагот да го преминеме прагот од 1,5 степени над прединдустриските нивоа, утврдени со Парискиот договор, а просекот во последните две години е веќе над тоа. Овие високи глобални температури заедно со рекордно ниво на водена пареа во 2024 година доведоа до невидени топлотни бранови и обилни дождови и катастрофа за милиони луѓе – рече Саманта Бурџис, заменик директор на Коперник и раководител на климатската стратегија во Европскиот центар за медиуми.

Според Коперник, 2024 година била најтоплата година досега, од 1850 година. Просечната глобална температура била 15,1 степени, што е за 0,72 степени повисока од просекот за периодот помеѓу 1991 и 2020 година, но исто така и за 0,12 степени потопла од 2023 година, претходната најтопла година на рекорд.

Секоја од последните 10 години беше една од 10-те најтопли. Нов рекорд за највисока дневна локална температура е поставен на 22 јули 2024 година, кога температурата изнесувала 17,16 степени.

А кога станува збор за Европа, 2024 година е најтоплата година за нашиот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот