Потврдена е официјалната причина за смртта на Ерик Дејн
Потврдена е официјалната причина за смртта на актерот Ерик Дејн, кој почина пред 11 дена на 53-годишна возраст. Ѕвездата на популарната серија „Вовед во анатомија“ почина од респираторна слабост (инсуфициенција), резултат на неговата борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Препорачано
Според посмртницата до која дојде „Пипл“, непосредна причина за смртта е токму респираторна инсуфициенција. Амиотрофичната латерална склероза, попозната како АЛС, е наведена како основна болест што довела до фатален исход.
Респираторната инсуфициенција е состојба во која белите дробови не се во можност да обезбедат доволно кислород во крвта и/или не се во можност ефикасно да го отстранат јаглерод диоксидот. Резултатот е сериозно нарушување на снабдувањето со кислород во ткивото, што може да доведе до губење на свеста, оштетување на органите и смрт.
Респираторната инсуфициенција е позната компликација на АЛС. Тоа е прогресивна невродегенеративна болест која ги зафаќа нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок, што со текот на времето води до губење на контролата врз мускулите, вклучително и оние одговорни за дишењето.
Ерик Дејн остави траен впечаток во телевизиската индустрија. Тој се здоби со слава како харизматичниот пластичен хирург д-р Марк Слоун, со прекар Мекстими, во долгогодишната медицинска драма „Вовед во анатомија“. Неодамна, тој доби признанија за неговата улога како Кал Џејкобс во признатата серија „Еуфорија“ на Ејч-би-о.
ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт


