Потрошила над 200.000 долари за да личи на Барби кукла: Пластичната хирургија ме прави среќна

Тара Џејн Меконахи
Тара Џејн Меконахи / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Австралијката Тара Џејн Меконахи го трансформираше својот физички изглед до непрепознатливост прогласувајќи се себеси за „човечка Барби кукла“. Потрошила над 200.000 долари за да промени сè на себе, пренесува „DailyMail“.

Пет пати ги зголемила градите, шест пати го оперирала носот, а не треба да се занемарат и повеќекратните дози на ботокс и филери. На улиците на Мелбурн, тешко е да не се забележи Австралијката која гордо шета и се фали со својот изглед. Нејзиниот тен е резултат на бројни посети на солариум, поради што нејзината кожа добива „бронзена“ боја. 33-годишната Тара е здравствен работник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Тара беше дел од документарната серија „Mirror Mirror“, која ги следеше Австралијците опседнати со одење под нож. Таму таа се опиша себеси како „надградена Барби кукла во ограничено издание“. Нејзината желба за постојана „доработка“, без разлика на големиот број операции, не стивнува, напротив, само расте.

„Во моментов веќе имам силиконски импланти на градите и едноставно не сум задоволна од нив“, изјавила во една прилика, кога забележала помалку „вишок“ на кожата на нејзините гради и верува дека овој проблем би го решила со импланти кои ќе ја наполни таа кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Докторите кои ѝ рекле дека нејзините 45 килограми се премалку за да постават поголеми импланти, ја разочарале.

„Навистина сум загрижен за добросостојбата на Тара. Не само поради операциите. Навистина треба да биде и физички и психички здрава“, изјавил д-р Насиф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Jayne (@tara_jayn3)

Сепак, Тара тврди дека ништо нема да ја спречи на нејзиниот пат да го постигне изгледот што го сака. Обемот на градите ѝ е речиси 94 сантиметри, половината 43 сантиметри, а колковите 73 сантиметри.

„За мене нема ограничувања кога се работи за пластична хирургија. Тоа создава неверојатна зависност и веќе сакам поголеми гради. Штом се дозволат патувања, планирам да се вратам во странство за да го посетам мојот хирург и да ги зголемам градите“, вели австралиската Барбика. „Пластичната хирургија е она што ме прави среќна. Тоа ми дава самодоверба да бидам најдобрата верзија од себеси“, објаснува Тара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот