Потресна приказна: Ми останаа само неколку дена пред да умрам, ве молам помогнете жена ми и ќерка ми да имаат за живот

Twitter

Знаејќи дека има само уште неколку денови од животот, Џеф Мекнајт, 36-годишен молекуларен биолог од Универзитетот во Орегон, на платформата GoFundMe отворил сметка за собирање донации за неговата сопруга и за ќерката. Неколку дена после тоа починал.

Умирам од лимфом. Мојата сопруга Лаура цело ова време беше херој. Наскоро ќе ги изгуби двете примања – моето и нејзиното, бидејќи управува и истражува во лабораторијата која заедно ја делевме. Моето животно осигурување е многу мало бидејќи сум член на академската заедница и скоро немаме никаква заштеда. Ве молам, размислете за тоа да ја поддржите мојата сопруга во времето кога мене веќе ќе ме нема“, напиша Џеф Мекнајт во склоп на кампањата GoFundMe, на сметката што ја отворил непосредно пред неговата смрт за луѓето да ги замоли финансиски да го помогнат неговото семејство.

Facebook

Мекнајт сакал да направи сѐ што може за неговата сопруга и 8-годишната ќеркичка Кетрин да бидат згрижени. Знаејќи дека му преостануваат само неколку дена од животот, на страницата го споделил својот најголем страв – Дека неговата ќерка и сопругата нема да имаат доволно пари за живот по неговата смрт.

принтскрин/GoFundMe

Сметката за неговото семејство ја споделил и на Твитер.

Докторот ми рече дека ми останува може една недела или малку повеќе. Ви благодарам на сите што ме поддржувавте, сега се грижам на семејството да му обезбедам сигурност.“

facebook

Мекнајт почина на 4 октомври, а од почетокот на кампањата, 1 октомври до 25 октомври на неговата сметка на GoFundMe се собрани околу 418.000 долари.

Неговата сопруга била шокирана од тоа со колку љубов Џеф го испланирал нивниот живот по неговата смрт.

Не знаев за кампањата на GoFundMe додека не видов дека тоа го објавил на Твитер. Многу плачев. Се чувствуваше подобро поради тоа што го направи за да се погрижи за нас, но мене ме скрши кога видов колку е загрижен кога сфати дека сигурно ќе умре“, раскажа Лаура.

Facebook

Таа ја води неговата истражувачка лабораторија, но како што вели, нејзиниот сопруг се погрижил по неговата смрт да ѝ се отворат и други можности.

„Неодамна дознав дека контактирал неколку други научници за можноста да најдам работа кај нив кога ќе бидам подготвена“, вели Лаура.

Facebook

Бескрајно сум му благодарна, но не сум изненадена, бидејќи тој едноставно беше таква личност. Многу ме боли кога размислувам за тоа бидејќи тоа покажува колку многу изгубив со неговото заминување., рече Лаура.

принтскрин/Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот