Потресна исповед на вдовицата на Ерик Дејн: „Сите плачеа, тој стана емотивен“
Смртта на актерот Ерик Дејн сè уште е шок за неговото семејство. Еден месец откако ѕвездата на „Вовед во анатомија“ почина на 53-годишна возраст, неговата сопруга Ребека Гејхарт јавно проговори за првпат за последните недели од неговиот живот и трогателниот момент кога вештачката интелигенција привремено му го вратила гласот.
Препорачано
Во интервју за „Варајети“, Ребека откри дека Ерик, во последната фаза од неговата борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС), учествувал во проект на технолошката компанија „Илевен лабс“ која користи вештачка интелигенција за реконструкција на човечкиот глас.
Како што болеста напредувала, на актерот му било сè потешко да зборува, па затоа сакал да најде начин да продолжи да комуницира, особено со своите ќерки.
Ребека вели дека Ерик бил исклучително возбуден за проектот бидејќи губењето на гласот станувало сè побрзо и позабележително.
– Тој беше многу возбуден бидејќи го губеше гласот и му стануваше сè потешко да комуницира секој ден. Затоа стана итно – рекла таа.
Технологијата ги анализирала неговите стари снимки и реконструирала дигитална верзија на неговиот глас. Неколку недели пред неговата смрт, Дејн ги слушнал резултатите за првпат.
– Тој беше толку возбуден што ги слушна. Кога ги добивме од компанијата, тоа беше навистина голем момент. Беше моќен момент – се присетила таа.
– Ја пуштивме снимката и Ерик беше емотивен. И кога ја слушнав, се расплакав. Мислам дека сите во собата плачеа – додала таа.
Неколку дена подоцна, тие ја пуштиле снимката на своите ќерки, Били (16) и Џорџија (14).
– Тие рекоа: „Тоа не е снимка. Тоа е твојот глас. Тоа си ти“ – открила Гејхарт.
Таа додаде дека семејството знаело што се случува.
– Сите се боревме со губењето на неговиот глас. Знаењето дека имаме нешто такво во ракавот беше огромно олеснување – рекла таа.
Актерката признава дека жали што не ја искористил технологијата повеќе, но е убедена дека Дејн би сакал да им помогне на што е можно повеќе луѓе.
– Гласот е голем дел од вашиот занает кога сте раскажувач. Ерик разбра колку значи да му се врати гласот на некого – заклучила таа.
„Илевв лабс“ планира да обезбеди трајни лиценци и техничка поддршка за луѓе со терминални невролошки заболувања кои на крајот ја губат способноста да зборуваат.
ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт


