Потпишани договори за изградба на 11 фотоволтаични електрани на државно земјиште

Инвеститорите, со кои денеска потпишуваме договори за изградба на фотоволтаици, потенцира, на државата и дадоа 2,7 милиони евра.

Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата.

– Само една година по донесувањето на новиот Закон за енегетика тука сме за да ги потпишеме договорите за изградба на 11 фотоволтаични електрани со капацитет од 35 мегавати на државно земјиште, а за петок е закажано и потпишување на договор за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште со вкупен капацитет од 27 мегавати, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Инвеститорите, со кои денеска потпишуваме договори за изградба на фотоволтаици, потенцира, на државата и дадоа 2,7 милиони евра.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека реформата во енергетскиот сектор што се спроведе во изминатите две години е една од најзначајните.

– Денеска граѓаните плаќаат најниска цена на електрична енергија што е резултат на направеното во изминатите две години… Една од главните цели на енергетиката е инвеситирање во зелена енергија, посочи Спасовски.

Со денешното потпишувањето на договори со девет компании, како што кажа, ќе се изградат 11 фотонапонски централи на државно земјиште со вкупна инсталирана моќ од 25 мегавти во Свети Николе и 10 мегавати во Македонски Брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот