Постхумно објавени мемоарите на Вирџинија Џуфре, која како дете била сексуално злоставувана од принцот Ендру
Постхумните мемоари на Вирџинија Џуфре, жената која го обвини принцот Ендру за сексуално злоставување кога била тинејџерка, беа објавени денес во Лондон, само неколку дена откако помладиот брат на кралот Чарлс објави дека повеќе нема да ја користи својата титула откако неговото име со години беше вмешано во скандали, особено во неговата врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Препорачано
Голем дел од содржината на книгата е претходно објавена, што повторно го става 65-годишниот Ендру во незгодна позиција, кој ги негира обвинувањата на Џуфре од самиот почеток, објави Би-би-си.
Ендру не извршувал никаква јавна функција од ноември 2019 година, а ги загубил воените титули и кралските титули во 2022 година, откако излегоа на виделина обвинувања за несоодветно однесување против него. Истата година, Ендрју постигнал вонсудска спогодба со Џуфре, која изврши самоубиство минатиот април.
Нејзината автобиографија, „Ничија девојка“, содржи нови обвинувања против Ендру.
Џуфре напиша дека се плашела дека ќе „умре како сексуална робинка“ во рацете на Епштајн и неговиот богат круг и опишала три наводни сексуални средби што ги имала со Ендру во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епштајн.
Во книгата, исто така, се тврди дека Ендру правилно ја претпоставил нејзината возраст – 17 години – кога првпат се запознале.
Принцот Ендру се соочува со 15 години затвор, од својот телохранител барал докази за Џуфре


