Поставува САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ: Ако паднете на тестот на шефицата на ФБ, толку од вашата кариера
Џули Жуо е потпретседател на одделот за дизајн на продукти во Фејсбук и го води тимот на креативци кои работат оваа социјална мрежа да го има изгледот и функциите кои на сите ни се познати.
Препорачано
Својата кариера ја започнала како приправник, кога имала само 22 години. Денеска, води тим од 250 вработени, а благодарение на долгогодишното искуство, составила тест со кој открива со каков кандидат за работа разговара во моментот.
Наместо да праша „Кажи нешто за себе“, таа им вели: „Замисли се себе за три години. Што се надеваш дека тогаш ќе биде поинаку во врска со тебе за разлика од сега?“
Со ова прашање таа открива три аспекти: колку е кандидатот амбициозен, колку е ориентиран кон остварување на своите цели и колку е свесен за своите квалитети.
За нејзе пресудна е желбата за развој. Според Џули, дури и ако кандидатот не ги исполнува сите услови да почне, токму желбата за развој го прави подобар од останатите.
Исто така, бара од нив да ѝ ја објаснат најтешката ситуација со која се соочиле во животот и како се снашле натаму, за да почнат од почеток. На тој начин дознава дали кандидатот извлекол поука од претходните искуства и дали успева дури и најлошата ситуација да ја држи под контрола.
Што мислите, дали сите шефови треба да го практикуваат овој начин на работа?


