Посна чоколадна торта

Состојки:

500 грама мелени бисквити

200 грама чоколада за готвење

200 грама маргарин

150 грама шеќер во прав

1 лажичка рум

3 лажички какао

Подготовка:

Оваа торта не се пече и се подготвува во рок од 10 минути. Сè што треба да направите е да ги измелете бисквитите и да ги измешате со румот, растопената чоколада, шеќерот во прав и со растопениот маргарин.

Сите овие состојки треба убаво да ги измесите за да се соединат. Откако ќе го направите тоа, веќе подготвената торта  ја префрлате во калап. Тортата ја ставате во ладилник за добро да излади, а потоа ја вадите од калапот.

Целата торта ја наросувате со какао и рендате чоколада за готвење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот