Последната „Поетска епизода“ за оваа година „Култура Бета“ ја организира во „Буква“
Во кафе-книжарницата „Буква“ на 28 декември, со почеток во 21 часот, ќе се одржи осмата „Поетска епизода“ во организација на младинската неформална организација за култура „Култура Бета“.
Препорачано
На последното издание за оваа година со поезија ќе настапат поетите Николина Андова Шопова, Емануела Ковачевска Китановска, Драган Атанасов, Милена Сиљаноска и Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска.
Настанот ќе го модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а е организиран со поддршка на „Јуроп хаус Скопје“.
Воедно, ова е и последен настан на „Култура Бета“ за оваа календарска година со што и се затвора серијата културни настани што ги организираше ова здружение, меѓу кои се случија пет поетски читања, започна мултимедијалното книжевно читање „Клинци“, имаше две изложби на Марија Јаќовска и Тамара Блажевска и промоција на албумот „Еј, шо прајш таму!?“ на музичката група „Кенопсија“.


