После 70 години брак, починале во само 20 минути разлика!

Profimedia

Брачен пар од Мичиген правел се заедно за време на 70-те години брак, се до својот последен ден – починале со само 20 минути разлика, во истата болничка соба.

Лес и Фрида Остин од Џексон, двајцата на 90-годишна возраст, на 6 декември дошле рака под рака во болницата, каде наредниот ден и починале.

Сопружниците се запознале во средно училиште, а нивниот прв состанок бил на матурската вечер. Се венчале во 1949 година.

„Се правеа заедно. Дури и починаа заедно. Мислам дека знаеа како полека умира тоа другото и низ целиот процес поминаа заедно. Сметам дека тоа е прекрасно“, кажува нивната ќерка Сенди Мејс.

„Доколку веќе мораа да умрат, ова беше најромантичниот начин за тоа“, додал нивниот син Мајкл Остин.

Лес и Фрида прославиле 70-годишнина од бракот во ноември оваа година. Тој бил полицаец во пензија, а таа водела перална за хемиско чистење во Џексон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот