„Пошта” и Халк банка денеска ќе ги потпишат договорите за соработка

Фото: mia.mk

Акционерското Друштво „Пошта на Северна Македонија” и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта. Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија” Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.

Директорот на АД „Пошта”, Макрадули, неодамна најави дека очекува од 1 март граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во поштенските филијали низ земјава, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје.

Владата на 7 декември ја прифати понудата на Халкбанк АД Скопје за соработка со АД „Пошта”, како најповолна, согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од два месеци, како и во однос на процентот на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Северна Македонија” со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот