Сообраќаен режим
Фото: МВР

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради атлетска трка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје поради одржување на атлетска трка.

Трасата на трката ќе се движи од паркот „Жена борец“, преку Камени мост, по улицата „Иљо Војвода“, мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар, а потоа во обратна насока. За време на настанот, ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, како и пешачките површини и делови од кејот по кои ќе се движат учесниците – соопшти МВР.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најавуваат дека ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на трката.

МВР упати апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и привремената сообраќајна сигнализација во зоната каде што ќе се одвива настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот