Португалска лекција за Унгарците, познати две групи од главната фаза на Светското првенство

фото: EPA-EFE/Johan Nilsson

Во групата „А“ на Светското ракометно првенство Шпанија со шест максимални бодови го освои првото место по убедливиот триумф над Иран (35:22). За црвената „фурија“ по шест голови имаа Соле и А. Дујшебаев, а кај Иранците пет голови беа дело на Барбат. Покрај Шпанија, во главната фаза се пласираа уште Црна Гора и Иран, а во „Президент купот“ за пласман во 25 до 32 место ќе продолжи селекцијата на Чиле.

Во групата „Б“ кодомаќинот Полска пред своите навивачи во директна пресметка за третото место кое исто така обезбедува влез меѓу најдобрите 24 репрезентации на Мундијалот триумираше над Саудиска Арабија со 27:24. Морито за Полјаците доминираше со девет погодоци, а на спротивната страна пет голови беа дело на Ал Абас. Франција беше најдобра во оваа група со шест бодови, пред Словенија која запиша четири.

Шведска ја оправда фаворитската улога во групата „Ц“ со три победи, овојпат ја декласираше селекцијата на Уругвај со 47:12. Јохансон беше прв стрелец со 11 голови, а за Уругвајците Де Агрела петпати се запиша во листата на стрелците.

И во групата „Д“ сите дилеми се решени, Португалија, Исланд и Унгарија се пласираа понатаму, а Јужна Кореја ќе настапува во „Президент купот“. Португалците ја совладаа Унгарија со 27:20, во меч кој го судеа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија. За Португалија шест голови имаше Кошта, а кај Унгарците пет забележа Бодо.

Светско првенство 2023 Полска/Шведска

Главна фаза

Група „1“

Табела:

1. Шпанија 4 бодови
2. Франција 4
3. Словенија 2
4. Црна Гора 2
5. Полска 0
6. Иран 0

Група „2“

Табела:

1.Шведска 4 бодови
2.Португалија 2
3.Исланд 2
4.Унгарија 2
5.Бразил 2
6.Зеленортски острови 0

Президент куп

Група „1“
Чиле
Саудиска Арабија
Уругвај
Јужна Кореја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот