Црногорските ракометари со два бода во главната фаза на Светското првенство

фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Репрезентацијата на Црна Гора со два бода ќе ја започнат главната фаза на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Зоран Рогановиќ имаа уште една тешка задача, но по голема борба отпорот на Чиле беше скршен (35:33).

Милош Вујовиќ беше прв стрелец кај Црногорците со 12 голови, додека Бранко Вујовиќ девет пати се запиша во листата на стрелците. Божо Анѓелиќ постигна пет гола. На спротивната страна за јужноамерикнската селекција, Фојтман беше прецизен девет пати.

Црна Гора во главната фаза за ривали ќе ги има Франција, Словенија, и третопласираната од групата „Б“, Полска или Саудиска Арабија. Во дербито на таа група Французите беа подобри од Словенците со 35:31 најмногу благодарение на Мае и Ремили кои запишаа по седум погодоци, а за Словенија блескаше Влах со девет.

Бразил во групата „Ц“ ја забележа и втората победа на Мундијалот, овојпат беше поуспешен од Зеленортските острови со 30:28. „Кариоките“ беа предводени од Дупоа со седум голови, а кај поразените истиот учинок го имаше Морено.

Јужна Кореја во групата „Д“ го претрпе и третиот пораз, овојпат од Исланд со 38:25. За азиската репрезентација која ќе го продолжи настапот во „Президент купот“ први стрелци по четири голови беа Ким Јеон-Бин и Канг Јеонг-Гу. За Исланѓаните Рихардсон доминираше со 11 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот