Порасната коса и позитивен дух по тешката дијагноза – Сузана Турунџиева со емотивно видео
По успешната и храбра битка со тешката болест, Сузна Турунџиева сподели емотивно видео. Водителката, пејачка и уметница уште еднаш докажа дека нејзиниот позитивен дух и креативност немаат граници.
Препорачано
На својот Фејсбук профил, Турунџиева објави кратко видео (на кое свири на необичен, акустичен инструмент хендпен. Со кратка, густа и кадрава коса која повторно ѝ порасна по тешкиот период на лекување, таа зрачи со мир, спокој и рамнотежа. Оваа нејзина нова преокупација не е само обично хоби, туку вистинска музикотерапија, личен лек со кој ја лекува и регенерира душата по сè што ѝ се случи во изминатиот период.
Во интервју за „Слободен печат“, Сузана отворено кажа дека зад себе остава исклучително тежок здравствен период во кој добила шанса за нов живот.
„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеем и да се хранам здраво. Во изминативе месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш е што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот, во кој на првото место сум јас, па сè друго“, раскажа Турунџиева.
Денес, видливи се знаците на нејзината целосна регенерација. Бујната коса која повторно ја краси е визуелен симбол на нејзиниот нов почеток, а звуците кои ги создава во видеото се потврда дека уметноста има лековита моќ.
Музиката, како што самата открива, ѝ помогнала повторно целосно да се поврзе со себе и да ги залечи ранте. За неа, секој тон на инструментот е славење на животот. Нејзината објава проследена со емотикони на молитва и срце искажува благодарност за здравјето, за внатрешниот мир и за секој нов ден.


