Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус во емотивно интервју: Ме обвинуваат за нејзината смрт, товарот го носам 10 години

Фото: Jennifer Rocholl / Zuma Press / Profimedia

Да беше жива пејачката Ејми Вајнхаус ќе наполнеше 40 години, па во оваа пригода во емотивно интервју се огласи нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер Сивил, кој гостуваше во утринската програма „Good Morning Britain“, пишува „Дејли мејл“.

Проблематичниот сопруг на пејачката Ејми, се присети на времето поминато заедно и рече дека ако може, „би направил речиси сè поинаку“.

„Тажно е, но сакав само да ѝ посакам среќен роденден на Ејми. Поразително е што таа не е тука. Цело време мислам на неа, утрово мислев на неа кога ѝ честитав. Таа ми беше најдобра пријателка. Да не беа некои работи, многу работи ќе завршеа поинаку. Бевме млади и сè се случи многу брзо за Ејми“, изјавил актерот.

Инаку, тој беше и инспирација за нејзиниот голем хит „Back to Black“. Беа во брак од 2007 до 2009 година, а тој претходно призна дека ја запознал со хероинот, па многу обожаватели го сметаат делумно одговорен за нејзината смрт, предизвикана од труење со алкохол кога имаше само 27 години.

Фото: Jennifer Rocholl / Zuma Press / Profimedia

Сепак, тој во интервјуто инсистира на тоа дека нејзиното семејство и пријателите, исто така треба да одговорат на некои прашања.

„Ме обвинуваат мене и тоа е во ред. Не можам да го променам она што другите луѓе го мислат за тоа, но морав да престанам да го носам тој товар. Го носам повеќе од 10 години и јас бев единствениот одговорен, се обидов да кажам дека направив големи грешки – имав 20 години и зависник од дрога. Немав идеја како да си помогнам себеси, а камоли на другите. Тие исто така сакаа Ејми да продолжи да настапува. Ранливоста ги поврзуваше луѓето„ – додаде Блејк.

Тој рекол дека нема контакт со нејзиното семејство, но дека со текот на времето научил да се справува со проблемите и да ја преболи својата зависност.

За време на двегодишниот брак со пејачката, тој заврши и во затвор откако нападна сопственик на бар, а Ејми му посвети награда „Греми“ во 2008 година. Два месеци по нејзината смрт, во 2011 година, тој доби син, а подоцна и ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот