Поранешниот сопруг на британската ѕвезда обвинет за силување 13-годишно девојче!
Поранешниот сопруг на британската ѕвезда Кејти Прајс се соочува со сериозни обвинувања за силување.
Препорачано
Киран Хејлер е осомничен за три случаи на силување и еден случај на сексуален напад врз 13-годишно девојче.
Злосторствата наводно се извршени помеѓу 1 јуни и 13 октомври 2016 година, на средина од неговиот брак со Кејти, која тогаш имала 47 години. Двојката беше во брак шест години и има две деца – Џет (12) и Бани (11). Наводната жртва не е член на поширокото семејство на Хејлер или Кејти Прајс.
– Можеме да потврдиме дека Киран Хејлер (38), од Нортчепел, Западен Сасекс, е обвинет за три случаи на силување и еден случај на сексуален напад врз 13-годишно девојче. Се тврди дека прекршоците се извршени во станот во Западен Сасекс помеѓу 1 јуни и 13 октомври 2016 година – соопшти полицијата во Сасекс.
Хејлер беше ослободен во исчекување на истрагата и треба да се појави на суд на 19 ноември. Девојчето, чие име не може да се објави од правни причини, прима поддршка од специјално обучени полицајци додека трае истрагата.
View this post on Instagram
И покрај тоа што се соочува со обвинувања, Хејлер неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое ги покажува своите мускули, со натпис „Проверка за физичката подготвеност“.
– Киран Хејлер категорично ги негира сите обвинувања и целосно соработува со полицијата. Тој очекува неговото име да биде исчистено во рамките на правосудниот систем – изјави неговиот правен застапник.
Хејлер ја запозна Кејти во 2012 година и се сврши со неа на Божиќ. Тие се венчаа во луксузно одморалиште на Бахамите во 2013 година, а подоцна имаа церемонија во хотелот „Рукери Манор“ во Вестон-супер-Мер, опкружени со 13 деверуши и пријатели, вклучувајќи ја ТВ-ѕвездата Рајан Кларк, моделот Даниел Лојд и пејачката Мишел Хитон.
Кејти во текот на бракот откри повеќе негови изневерувања, вклучувајќи ги и аферите со нејзините пријателки Џејн Панти и Криси Томас, но наводно му простила на Хејлер. Бракот се распадна во 2018 година, а разводот беше финализиран во 2021 година, по одложувањето поради ковид-пандемијата.
По разводот, Хејлер беше во врска со Мишел Пентекост, со која има син, Аполо, но свршувачката ја раскинаа во 2022 година.
View this post on Instagram


