Поранешниот шеф на српското разузнавање му се закани на Курти: Како што прави Мосад со своите непријатели, така треба Србија со Косово
Во шокантна изјава, лидерот на Движењето на социјалистите побара изработка на конкретни планови за постапување кон луѓе кои тој ги опишува како „носители на антисрпски политики“, тврдејќи дека Белград „знае како се прават тие работи“.
Поранешниот директор на српската разузнавачка служба БИА, Александар Вулин, упати отворени закани кон Косово и кон премиерот Албин Курти, повикувајќи Србија да ги следи методите на Израел и на Мосад, пренесе „Вокс њуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во шокантна изјава, лидерот на Движењето на социјалистите побара изработка на конкретни планови за постапување кон луѓе кои тој ги опишува како „носители на антисрпски политики“, тврдејќи дека Белград „знае како се прават тие работи“.
Вулин, кој моментално е лидер на Движењето на социјалистите во Србија, се закани со напади врз Косово, премиерот Албин Курти и врз секој поединец кој, според него, води антисрпска политика. Вулин, во емисија на српски медиум, изјави дека Србија треба да делува во Косово на ист начин како што, според неговите тврдења, Израел дејствува преку Мосад против оние што ги смета за непријатели.
„Српската држава мора да дејствува. По ова, би побарал од нашите служби да изготват јасен план како ќе постапуваме со одредени поединци, со име и презиме, кои се носители на антисрпската политика, па нека размислат што може да им се случи. Ако може Израел, ако може Мосад, зошто не може и српската служба, зошто не можеме и ние?“ изјави Вулин.
Вулин: Руски разузнавачи ни помагаат да се бориме против протестите
Тој не негираше дека Србија извршувала напади врз Албанци. Напротив, Вулин изјави дека тие добро знаат како се прави таа „работа“. Тој му се закани и на премиерот Курти и на секој што води „антисрпска политика“.
„Не е дека никогаш не сме правеле вакви работи; знаеме како се прават. Никој не се плаши од нас. Курти воопшто нема проблем да бега од договорите зашто не се плаши дека ќе има последици, ниту за него ниту за неговите“, рече тој.
Во својата кариера, Вулин бил дел од српската влада како директор на Канцеларијата за Косово од 2012 година, министер без ресор задолжен за Косово, директор на БИА и, најскоро, заменик-премиер на Србија.


