Поранешниот министер за здравство и сопругата се лекарите од „Систина“ позитивни на ковид-19

Фото: Фејсбук

Ексминистерот за здравство Владо Димов и неговата сопруга Билјана се двајцата лекари-сопружници од приватната болница „Аџибадем-Систина кои се позитивни на Ковид 19, дознава „Фокус“.

Според информациите на „Фокус“, докторот Димов бил хоспитализиран и на скопската Инфективна клиника, додека неговата сопруга се лекува во домашни услови.

Тие пред неколку денови, односно на 5 јуни преку соопштение сами известија дека двајца лекари сопружници од нивната Клиничка болница се позитивни на Ковид 19. Дури, во соопштението беше наведено дека едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

-Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на нив веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни – се наведуваше во соопштението од болницата од пред неколку денови.

Двајца доктори сопружници од „Систина” позитивни на КОВИД-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот