Маја Кадиевска Војновиќ / Фото: Слободен печат

Поранешната вицегувернерка на НБМ, Маја Кадиевска Војновиќ, седнува во управниот одбор на Стопанска банка – Битола

Некогашната вицегувернерка на Народната банка и професорка на „Американ колеџ“, Маја Кадиевска Војновиќ, влегува во Управниот одбор на Стопанска банка Битола. Кадиевска Војновиќ доаѓа на местото на Даниела Ѓоршевска, која поднела писмена оставка од функцијата.

За промените кои се планираат банката известува преку Македонска берза согласно правилата за котација.

– Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 5.11.2025 година, членот на Управниот одбор, г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска поднесе писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор на Банката.

„Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 25. седница, одржана на 10.11.2025 година, ја именуваше г-ѓа м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор на банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице за член на Управен одбор на Банката“, се вели во известувањето.

Сепак, до добивањето на согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице за член на Управен одбор на Банката, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на Управниот одбор на Банката.

Стопанска банка – Битола минатиот месец беше официјално преземена од српската Алта банка, за сума од околу 23 милиони евра.

Маја Кадиевска Војновиќ беше дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот на минатата година пак беше назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот