Поранешен руски МНР ги повика руските дипломати на бојкот на политиката на Путин

Андреј Козирев поранешен руски МНР/ Фото МИА

„Ги повикувам сите руски дипломати да поднесат оставки во знак на протест поради војната во Украина”, напиша поранешниот шеф на руската дипломатија Андреј Козирев на Твитер.

„Вие, руските дипломати, сте професионалци, а не евтини пропагандисти. Додека работев во МНР бев горд на моите колеги. Сега едноставно не можете да ја поддржите крвавата братоубиствена војна во Украина. Навистина е време да престанете да зборувате и да дејствувате посилно! Главниот здравствен проблем на рускиот владетел и неговите соработници е лудото чувство на неказнивост, потхранувано од годините на западно смирување на страстите. Потребна е одлучна акција СЕГА, бидејќи во Украина се убиваат деца!”, се навеудва во изјавата на поранешниот висок руски дипломат.

 

Во првичната реакција на неговиот твит, пристигната од руското Министерството за надворешни работи, што ја пренесе Тасс, поранешниот прв дипломат се оценува за предавник.

„Козирев отсекогаш бил поврзуван со предавство во Министерството за надворешни работи во Москва”, пренесе ТАСС, повикувајќи се на извор во министерството.

Козирев беше шеф на руската дипломатија од октомври 1990 година до јануари 1996 година, во времето на владеењето на Борис Елцин.

Изворот од руското МНР наведува дека „за 20 години од воведувањето на Денот на дипломите, тимот на министерството никогаш не му честитал на поранешниот шеф бидејќи неговото име станало синоним за „козиревштина и синоним за предавство”.

Неговиот наследник, Евгениј Примаков, министерството го затекна „во критична состојба”, наведува изворот од руското МНР.

Козирев подолго време живее во странство и долго време се занимава со „антируска субверзивна работа”. Тој ја доби својата награда за тоа и „на неговите триесет сребрени монети се натрупа камата”, додава изворот за руската државна агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот