Поранешен кралски готвач во новиот документарец откри: Кралицата Елизабета Втора имаше строги барања

Дес Свини
Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот поранешен готвач Дес Свини / Фото: Принтскрин Инстаграм/Јутјуб

Поранешниот готвач во Бакингемската палата Дес Свини, кој ги надгледувал кујнските „операции“ за некои од најпознатите државни банкети на кралицата, им откри на гледачите на „A Royal Guide to Properties“ дека кралицата има многу строги барања за нејзината храна, особено за употребата на сезонско британскo овошје и зеленчук.

Како што раскажува поранешниот готвач на кралицата, таа била многу пред Џејми Оливер и многу други познати готвачи кога станува збор за локално и сезонско овошје и зеленчук. Никогаш не било дозволено да се зема овошје надвор од сезоната, тоа било строго „не“.

„Знаете, зошто би користеле малини во јануари? Таа беше многу стриктна во врска со тоа“, рече Свини откривајќи дека често добивав белешки со прашања зошто се користело одредено овошје или зеленчук во одреден месец или зошто не.

кралицата елизабета втора профимедиа фф3
Кралица Елизабета Втора / Фото: Профимедиа

„Само да не дознае како го правев нејзиниот омилен пудинг“

Готвчарот открил и дека нејзиниот омилен десерт, тарт со меласа, бил направен со состојки од супермаркет. Тој во документарецот го откри рецептот и објасни како можете да си го направите дома.

„Тоа е наједноставниот пудинг на светот. Да се ​​надеваме дека кралицата никогаш нема да дознае со какви состојки го правев“, рекол готвачот.

Свини ја раскажа и приказната за свежиот лосос за кој, бидејќи доцнел на државен банкет, била потребна полициска придружба до Бакингемската палата.

Документарецот на гледачите им даде увид во огромната имотна империја на монархијата. Палатата на Св. Џејмс, Холирудхаус во Единбург, Бакингемската палата, Кларенс Хаус и палатата Кенсингтон се само дел од споменатите имоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот